💣 ЦСКА Москва му понуди двегодишен договор на Ненад Димитријевиќ!

1681

Најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ после една сезона ќе го напушти тимот на Олимпија Милано. Евролигашот не се покажа како вистинска средина во однос на капацитетот што го поседува нашиот репрезентативен плејмејкер.

Од првиот момент кога стана јасно дека си оди, бројни клубови почнаа да подготвуваат понуди за услугите на Ненад Димитријевиќ.

Најновата доаѓа од ЦСКА Москва.

Раководството на рускиот тим веќе подготвил понуда за Нено, иако не се познати сите детали, засега е извесно дека на маса има двегодишен договор. ЦСКА Москва, тимот кој некогаш го водеше Емил Рајковиќ добро ги познава квалитетите на Димитријевиќ додека тој настапуваше за Уникс Казан, кој пак на полусезона исто така се обиде да го врати во своите редови.

Интересна информација е што Хапоел Тел Авив е исто така заинтересиран за Нено, но ова сценарио е тешко извидливо.

Инаку Димитријевиќ ќе добие голема сума на пари од Олимпија Милано за предвремено прекинување на договорот.

ПретходноЈамал за можноста да заигра во Реал: Нема шанси!
СледноАтаман: Олимпијакос е во хаос, ако вакви работи се случат повторно…