„Бомба“ од Саудиска Арабија: Осимен наскоро ќе потпише за Ал Хилал

428

Откако изминатата сезона ја помина на позајмица во Турција од неговиот Наполи, се чини дека Осимен нема да се врати во Италија, но нема да остане ниту во Галатасарај. Веста дека Осимен се согласил да оди во Саудиска Арабија, поточно во Ал Хилал, експлодираше на социјалните мрежи како бомба. Тој ќе потпише тригодишен договор со Ал Хилал.

Наскоро се очекуваат повеќе информации за договорот и платата, а јасно е дека сите се изненадени од развојот на ситуацијата.

ПСЖ исто така бил заинтересиран, но Осимен се чини дека решил да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.

Осимен има договор со Наполи до 2026 година, а Наполи би можел да заработи над 70 милиони евра од неговата продажба.

Брилијантниот напаѓач постигна 36 гола во сите натпреварувања за Галатасарај оваа сезона, и ја освои двојната круна во Турција.

ПретходноПоследната понуда за Вирц која не се одбива!
СледноСинер без проблем до 1/4 финалето на Ролан Гарос