Вардар потпиша со младиот голман Зибери од Тетекс

563
фото: fcvardar.com

Освојувачот на Купот на Македонија, Вардар, денеска потврди дека потпиша 4-годишен професионален договор со 20-годишниот досегашен голман на Тетекс, Или Зибери.

Станува збор за млад голман кој потекнува од екипата на Вардар од Форино, а потоа настапуваше и во младинските екипи на Шкендија и последната година успешно настапуваше за Тетекс.

Зибери има и неколку настапи за младинските репрезентации на Македонија.

ПретходноПоправен за двата тима: МЗТ Скопје за крај на финалето, ТФТ за чекор до нова историја!
СледноОд денеска стартува продажбата на билети за мечот за титула во „Јане Сандански“