Женската јуниорска репрезентација стартуваше со подготовките за литванскиот предизвик

91

Кошаркарките, предводени од селекторот Виктор Петровски и неговите асистенти Нена Трајчевска и Арин Агиќ, вечерва во малата сала на СРЦ „Кале“ во Скопје, го одработија првиот ден од подготвителниот период за настап на континенталниот собир од Дивизијата „Б“, за кошаркарки „Под 18“ години, кој ќе се одржи во литванските градови, Алитус и Вилнус, во периодот од 4. до 13. јули.

Согласно со планираното, првата фаза од подготвителниот период ќе биде реализирана во Скопје. Првите проверки на сработеното се предвидени по три работни седмици, и тоа на гостински терен во Црна Гора.

Претходно, селекторот Петровски го одреди и поширокиот список на кошаркарки на кои ќе смета во текот на подготвителниот период, и секако настапот на шампионатот во Романија.

ПОШИРОК СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРКИ „ПОД 18“ ЗА НАСТАП НА ЕП ДИВИЗИЈА „Б“ – ЛИТВАНИЈА

Ања Начевска – Вардар

Мартина Џангаровска – Вардар

Јана Пислевска – Вардар

Теа Трајковска – Вардар

Бојана Николиќ – Вардар

Мила Начевска – Вардар

Дора Алексова – МЗТ Скопје

Ива Колева – Тим Арена – Штип

Теодора Мариновска – МЗТ Скопје

Глорија Груевска – Крива Паланка

Ангела Тасовски – Вардар

Антонија Тодоровска – Крива Паланка

Нена Китановска – Бадел 1862

Јана Чолакоска – Бадел 1862

Кјара Анастасова – Бадел 1862

Бранкица Мегленова – Пробаскет – Кавадарци

Лилјана Ѓорѓиева – Пробаскет – Кавадарци

Сара Ѓорѓиеска – Охрид

Мила Ќолчевска – Mercede Basket Alghero – ITA

Сара Белковска – Струга 2009

СЕЛЕКТОР: Виктор Петровски

ПретходноАтаман: Олимпијакос е во хаос, ако вакви работи се случат повторно…
Следно🏆„Сино-белата“ доминација продолжува: МЗТ Скопје со 12-та ампионска титула!