На нешто повеќе од еден месец пред почетокот на младинскиот Евробаскет од Дивизијата „Б“, нашите млади кошаркари од селекцијата „Под 20“ години стартуваа за подготовките.
Селекторот Горан Самарџиев се одлучи за еден поширок список од 23. кошаркари, од кои во наредните денови од подготвителниот период кој ќе биде реализиран во Скопје, односно во нашата „база“, салата на СРЦ „Кале“.
„Почнуваме со надеж дека ќе имаме една успешна приказна ова лето. Одлучив да им дадеме шанса на сите потенцијални кандидати, оттука на првите тренинзи ќе имаме и поголем број на кошаркари. Оправдано, на почетокот не можеме да сметаме на некои од нив, како Марко Луканоски, кој има обврски со клубот, но очекуваме да се приклучи што е можно порано“ – рече селекторот Самарџиев на првиот собир на кој ги дочека скоро сите повикани играчи.
Покрај Самарџиев, во стручниот тим на оваа наша селекција се и Душко Јаковчевски како асистент-тренер, како и Трајче Стојанов, кој заедно со Владимир Николовски ќе се (по) грижи за физичката подготовка на кошаркарите, Никола Арсиќ е физиотерапевт и Дарко Гогов како доктор на младинската репрезентација.