Последната понуда за Вирц која не се одбива!

3405

Ливерпул не се откажа од Флоријан Вирц, напротив, денес одлучија да ја зголемат својата понуда, која речиси сигурно ќе биде нивна последна.

Не е тајна дека Ливерпул и Леверкузен седат на покер маса и се обидуваат да го извлечат максимумот од нив, но сигурно е дека двете страни мора да најдат договор на крајот.

Баер нема намера да го продаде својот најдобар играч на Баерн Минхен, а Вирц исто така постигна договор со Ливерпул, па сите предуслови се исполнети.

И сега се чини дека дојде и последниот услов – Ливерпул конечно се согласи да плати 118 милиони фунти, или 140 милиони евра, и да го склучи договорот пред почетокот на преодниот рок.

Претходната понуда беше значително пониска, нешто над 100 милиони, па Баер очигледно нема да ја одбие оваа понуда.

Дополнително, желбата на германското чудо е исто така клучна, бидејќи Вирц веќе некое време гледа само на Енфилд.

Како што стојат работите, овој договор би можел да биде склучен до крајот на оваа недела или почетокот на следната.

ПретходноЖетвата на пехари не застанува: 12-ка за МЗТ Скопје, 10-ка за Дамјан Стојановски (ФОТО)
Следно„Бомба“ од Саудиска Арабија: Осимен наскоро ќе потпише за Ал Хилал