Селтик се надева дека може да го врати Миовски во Шкотска

564

Шпанска Џирона наводно е подготвена да ги сослуша понудите за Бојан Миовски ова лето. Според пишувањата на весникот „Ас“, по неполни 12 месеци во Шпанија, Миовски може да си замине.

Нашиот репрезентативец имаше кошмарна сезона во Шпанија со само четири гола во 25 настапи во сите натпреварувања, од кои два беа во Купот на Кралот.

Дел од шкотските медиуми шпекулираат дека Миовски би можел да се врати во шкотската Премиерлига, откако за него сериозно се заинтересира екипата на Селтик.

Селтик е тим кој и претходно беше заинтересиран за Миовски, но тој реши од Абердин да замине во Шпанија. Сега Селтик подготвува тим за идната сезона и може да се очекува „келтите“ да достават понуда до Џирона за враќање на Миовски на Островот. Миовски има договор со каталонскиот клуб до јуни 2028 година.

ПретходноЗидан одбил 100 милиони евра од Ал Хилал
СледноЈувентус нема опции, Тудор останува на кормилото и следната сезона