Шокантни сцени во грчкото првенство: Газдата на ПАО се заканил дека ќе ја силува ќерката на газдата на Олимпијакос

2445

Финалната серија од грчкото кошаркарско првенство меѓу Олимпијакос и Панатинаикос се претвори во вистинска драма надвор од теренот, а контроверзниот сопственик на „зелените“, Димитрис Јанакопулос, повторно се најде во центарот на нов скандал.

Според бројни грчки медиуми, Јанакопулос предизвикал инцидент пред соблекувалната по натпреварот, каде што следела жестока расправија со полицијата. Ситуацијата ескалирала до тој степен што обвинителот издал налог за апсење на сопственикот на Панатинаикос. Сепак, наместо да биде приведен, Јанакопулос, со помош на обезбедувањето, успеал да избега од салата.

Генералниот директор на Олимпијакос, Никос Лепениотис, упати шокантни обвинувања против Јанакопулос, тврдејќи дека по натпреварот тој изрекол монструозни навреди кон семејството на сопственикот на Олимпијакос, Јоргос Ангелопулос.

„Специфичната навредлива фраза беше нереална и одвратна. Тој дојде кај нас двапати и рече: Одете и кажете му на Ангелопулос дека ќе му ја силувам ќерката пред него. Ова го слушнаа бројни сведоци – луѓе од неговото обезбедување, како и членови на неговиот тим“, рече Лепениотис.

ПретходноЧелзи го „украде“ Делап, младиот голгетер место во Манчестер оди во Лондон
Следно46 медали за македонските каратисти на 37. ЕКТФ Европското првенство