Ќе остане ли Постекоглу? Франк и Силва први кандидати за негов наследник

352
фото: Tottenhem (X)

Иако им го донесе трофејот во Лигата на Европа, првите луѓе на Тотенхем се уште размислуваат дали Анже Постекоглу треба да остане на кормилото и следната сезона. Дел од медиумите тврдат дека сопственикот на клубот, Даниел Леви за иднината на Постекоглу ќе одлучи оваа недела.

Инсајдерот Фабрицио Романо тврди дека Левби минатата недела имал консултативни разговори со своите соработници, но се уште не ја донел конечната одлука за иднината на свтралискиот стратег.

Дел од медиумите шпекулираат дека Томас Франк од Брентфорд и Марко Силва од Фулам се „пикови“ на Леви за наследник на Постекоглу, доколку се одлучи на таков потег.

ПретходноГоце Георгиевски: Не чека уште потежок меч, играме пред нашите навивачи – сакаме да ја вратиме титулата!
СледноДонарума најави заминување од ПСЖ: Ќе одлучам во следните неколку дена!