Македонската репрезентација во традиционално карате постигна голем успех на 37. ЕТКФ Европскиот шампионат за сениори, младинци, јуниори и кадети и 7. ЕТКФ Европски куп за деца, кои на 31 мај и 1 јуни 2025 година се одржа во Неа Мудања, Грција. Македонската репрезентација освои вкупно 46 медали, од кои 12 златни, 13 сребрени и 21 бронзени медали.
Најуспешни наши натпреварувачи беа Антонија Белазелкоска која стана европски шампион во кати за сениорки, Камелија Недев и Матеј Мангаровски кои станаа европски шампиони во енбу за јуниори, како и Матеј Мангаровски кој освои злато во кати во кадетска конкуренција и сребро во фукуго за кадети и јуниори. Женскиот сениорски ката тим во состав Антонија Белазелкоска, Берта и Јана Милевски освои бронза во ката тим сениорки. Јана Милевска освои бронза во кати за сениорки.
Кај децата најуспешни беа Камелија Недев со освоени три златни медали во кати, кихон и џиу кумите за деца 12-13 години и Филип Недев со освоени три златни медали во кати, кихон и џиу кумите за деца 10-11 години. Ката тимот во состав Максим Поп Трпев, Драган Стојановски и Војдан Паламидовски освоија прво место во ката тим за деца од 6-9 години. Максим Поп Трпев и Мила Владев освоија прво место во кихон кумите за деца од 6-9 години. На ЕШ во Грција учествуваа 14 држави со околу 200 натпреварувачи.