Атаман: Олимпијакос е во хаос, ако вакви работи се случат повторно…

921

Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман, зборуваше со медиумите во врска со дуелот со Олимпијакос, во рамките на грчкото првенство. Многу голема прашина се крена за време на финалната серија од грчкото првенство.

Секакви работи се случија надвор од теренот. Атаман ја префрли целата вина на Олимпијакос.

„Токму ова го сака Олимпијакос. Имаме предност во серијата и можеби сето ова е дел од планот. По поразот од Монако во Фајналфорот на Евролигата, Олимпијакос е во хаос. Мислам дека се обидуваат да предизвикаат хаос за да нè нарушат

Очекувам надлежните органи да реагираат, да ги предупредат клубовите и да гарантираат безбедност. Доколку вакви работи се повторат, серијата би можела да биде откажана“, рече Атаман.

Претходно💣 ЦСКА Москва му понуди двегодишен договор на Ненад Димитријевиќ!
СледноЖенската јуниорска репрезентација стартуваше со подготовките за литванскиот предизвик