Репрезентацијата на Белгија денеска точно во 18:00 часот по локално време во базата Proximus basecamp, го одржа собирот по повод квалификацискиот дуел против Белгија во петок, на 6 јуни. Истиот се игра на Арената Тодор Проески во Скопје со почеток од 20:45 часот, а белгијците во Скопје доаѓаат без првиот голман.
Тибо Куртоа е повреден и на негово место е повикан Нордин Јакерс од клуб Клуб Бриж. Од друга страна пак сите останати се во стројот, и се одзваа на повикот на селекторот Руди Гарсија.
Белгија во Скопје пристигнува како огромен фаворит, но ние сме реално во добра позиција во моментов, со четири бода од два дуела.
Голмани: Мац Селс (Нотингем Форест), Сен Ламенс (Антверпен), Мартен Вандеворт (РБ Лајпциг)Нордин Јакерс (Клуб Бриж)
Дефанзивци: Зено Дебаст (Спортинг), Максим де Кујпер (Клуб Бриж), Кони де Винтер (Џенова), Воут Фас (Лестер), Брендон Мекеле (Клуб Бриж), Томас Мение (Лил), Диего Мореира (Стразбур), Артур Теат (Ајнтрахт Франкфурт);
Среден ред: Кевин Де Брујне (Манчестер Сити), Жорти Мокио (Ајакс), Амаду Онана (Астон Вила), Николас Раскин (Ренџерс), Јури Тилеманс (Астон Вила), Ханс Ванакен (Бриж);
Напаѓачи: Шарл де Кетелаере (Аталанта), Жереми Доку (Манчестер Сити), Малик Фофана (Лион), Ромелу Лукаку (Наполи), Доди Лукебабио (Севиља), Лои Опенда (РБ Лајпциг), Алексис Салемакерс (Рома), Леандро Тросар (Арсенал).