Дион Едвин е МВП на финалната серија

142

МЗТ Скопје дојде до 12-та шампионска титула во домашното првенство, откако со 3-1 ја доби финалната пресметка против ТФТ.

Признанието за најкорисен играч му припадна на Дион Едвин. Последната четврта средба ја заврши како втор стрелец, зад неговото име запиша 15 поени.

Едвин во првите две средби имаше значајна улога во победите против ТФТ, исто како и вечерва, па можеби го заслужи ова признание, иако немаше да биде незаслужено истото да отиде во рацете на Војдан Стојановски, кој вечерва запиша 17 поени.

Претходно🏆„Сино-белата“ доминација продолжува: МЗТ Скопје со 12-та ампионска титула!
СледноЖетвата на пехари не застанува: 12-ка за МЗТ Скопје, 10-ка за Дамјан Стојановски (ФОТО)