Одличниот голман на новиот европски првак ПСЖ, Џанлуиџи Донарума, најави дека големи се шансите за него ова да е последна сезона во парискиот состав.
Неговиот договор со клубот истекува за нешто повеќе од 12 месеци, но нема знаци за негово продолжување. И неговите зборови по натпреварот најавија можна преселба ова лето.
„Не знам дали ќе останам. Ќе видиме во следните неколку дена, сега размислувам за репрезентацијата“, порачa Донарума.
Со месеци има доста шпекулации околу тимовите кои се заинтересирани за него. Листата е долга и пред се составена од престижни имиња. На пример, Баерн Минхен има потреба од долгорочна замена на четириесетгодишниот Нојер, но во игра се и Реал Мадрид и Манчестер Сити, кои сериозно го „облетуваат“ менаџерскиот тим на италијанскиот голман.