МЗТ Скопје ја продолжи доминацијата во мак-баскетот, по 12-ти пат стана првак, откако во финалната серија со конечни 3-1 го победи ТФТ. За тимот од Аеродром ова е шеста титула во низа, додека во периодот од 2012 година па наваму ова е 12-та.
Капитенот на МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски вечерва дојде до посебен момент. Тој ја подигна десетата титула како член на тимот од Аеродром. Поранешниот македонски репрезентативец има и исто толку пехари во Купот на Македонија, но истите не ги освои само со МЗТ Скопје.