Енис Барди, нашиот капитен денеска им се приклучи на своите соиграчи и го одработи првиот тренинг во текот на овие подготивки за дуелите со Белгија (06.06.2025) и Казахстан (09.06.2025). Со него сега Македонија е комплетна. Играчот за врска на Бодрумспор последен се приклучи, од оние играчи кои беа на списокот на селекторот Милевски за овој јунски циклус во квалификациите за СП 2026. .
Инаку нашите репрезентативци продолжуваат со подготовките за тоа што ги чека. Јасно е дека сега сите со мислите се кон Белгија, овој дуел во петок за избраниците на селекторот Благоја Милевски е во фокусот.