По вчерашната победа во финалето на Купот на Македонија, скопските „црвено-црни“ веќе почнаа да се подготвуваат и за финалето на сезоната во домашното првенство. Пред Вардар се само уште два меча, утрешното гостувањето во Кавадарци кај тиквеш и одлучувачкиот меч за титулата со Е. Пелистер во сабота во Скопје.
Денеска од редовите на РК Вардар објавија дека онлајн продажбата на билети за натпреварот против екипата на Еурофарм Пелистер (сабота 7 јуни), ќе започне во текот на денешниот ден, па сите кои се заинтересирани да го следат дуелот треба што побргу да си набават билет.