Поправен за двата тима: МЗТ Скопје за крај на финалето, ТФТ за чекор до нова историја!

463

Вечерва на програмата е новата финална пресметка меѓу ТФТ и МЗТ Скопје за шампионската титула во плеј-офот. Во „Кале“ се игра четврттиот меч, а актуелниот првак има водство од 2-1.

Последниот натпревар не понуди вистинска и квалитетна битка на теренот која доликува на едно финале, па и двата тима вечерва имаат шанса да го поправат сето тоа.

МЗТ Скопје е на чекор да дојде до нова титула, со победа ќе дојде до бројката 12, додека на другата страна пак ТФТ со нов триумф ќе се најде на чекор до историја. Тимот од Тафталиџе веќе испиша нова страница со самиот пласман во финалето, а потоа и со првата победа, сега атакува кон нова победа за неизвеност до самиот крај.

Мечот е закажан со почеток во 19:30 часот, директен пренос ќе има на МРТ.

ПретходноИГРАЈ СО ШАМПИОНИТЕ: МИЛИОН ЕВРА ЗА 20 ИГРАЛИШТА НИЗ МАКЕДОНИЈА
СледноВардар потпиша со младиот голман Зибери од Тетекс