Тектонски промени во раководните структури на Тотенхем

377

Првиот соработник на Даниел Леви, главниот лик во тимот на Тотенхем, Дона Марија Кален, ја напушта својата позиција како извршен директор. Кален е член на одборот на Спарси од 2006 година, но нејзиното заминување се смета за почеток на низа очекувани промени во клубот ова лето.

Новиот извршен директор Винај Венкатешам ќе започне со работа во Тотенхем овој месец, додека иднината на главниот фудбалски директор Скот Ман е неизвесна. Леви сè уште треба да ја разјасни иднината на менаџерот Анже Постекоглу.

„Ова беше многу тешка одлука, клубот беше мојот живот во последните три децении. Имав привилегија да работам со Даниел, чија визија и енергија го водеа клубот напред, како и со многу талентирани и прекрасни колеги.“  – изјави Кален.

„Беше неверојатно патување, почнувајќи од Вајт Харт Лејн, со краток престој на Вембли и конечно нашиот нов дом – неверојатни спомени дома и во странство.“ Завршувањето на оваа сезона со трофејот од Лигата на Европа беше остварување на сон. Сега е вистинското време да посветам повеќе време на себе и на моето семејство, на кои им се заблагодарувам за нивната поддршка во текот на годините. Ќе ги поминам следните неколку месеци обезбедувајќи непречена транзиција со моите вработени. Ви благодарам на сите. Им посакувам многу успех на сите во клубот“ – додаде Кален.

ФОТО TOTENHEM X

ПретходноЛацио остана без тренер
СледноДамиен Комоли е нов генерален менаџер на Јувентус