МЗТ Скопје е старо-новиот шампион. Тимот од Аеродром не дозволи ново изненадување, а ниту ТФТ не беше истиот без својот најдобар кошаркар, Браун, па „сино-белите“ лесно славеа со 53-77 на четвртата финална средба за конечни 3-1. За МЗТ Скопје ова 12-та титула во својата историја, додека шеста во низа. На другата страна за ТФТ ова е прво историско финале, мотив повеќе за следната сезона.
Војдан Стојановски имаше 17 поени, зад него беше Едвин со 15 поени. На другата страна Зафиров имаше 11 поени исто колку и Гринли.
Победникот на оваа средба беше решен во првото полувреме, по кое гостите од Аеродром имаа позитива од 25-44. Најголемата предност пак во овој дел за МЗТ Скопје изнесуваше 24 поени (13-27).
ТФТ на голема среќа во третата четвртина се разбудија, за пет минути направи серија од 11-2 и дојде на 35-46 што пак го принуди Васко Атанасов да повика тајм-аут. Истиот донесе промени, а МЗТ Скопје се врати на позитива од 16 поени разлика (43-59).
Последните десет минути минаа без поголеми возбудувања, кошаркарите на МЗТ Скопје сигурно чекореа кон победата која значеше титула.