Алкараз го „збриша“ Пол и закажа полуфинале со Мусети

1022
фото: Diario Sport (X)

Во Париз вечерва заврши и вториот четвртфинален натпревар на Отвореното првенство на Франција, во кој 12-тиот рекет во светот, Американецот Томи Пол немаше сили да направи изненадување во дуелот со вториот светски рекет, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз

Алкараз во едно доминантно издание славеше во три сета со 6:0, 6:1, 6:4.

Во полуфиналето Алкараз ќе се соочи со седмиот играч во светот, Италијанецот Лоренцо Мусети, кој денеска во првото полуфинале во четири сета беше подобар од Американецот Тиафо.

22-годишниот Алкараз е актуелен шампион на Ролан Гарос.

ПретходноЊујорк го отпушти тренерот Тибодо
СледноРеал наоѓа замена за Крос и Модриќ во Германија