Анчелоти: Веќе ме нарекуваат „Карлињо“ и тоа ми се допаѓа

296

Искусниот Карло Анчелоти ја презема функцијата селектор на Бразил и веќе почна со работа. Пред неколку дена означи старт на подоготовките и засега се е супер.

„Започнува нова авантура – тоа е голема одговорност, но и голема среќа да се има можност да се биде тренер на бразилската репрезентација“, објасни Италијанецот во интервју за Vivo Azzurro TV.

„Веќе ме викаат „Карлињо“ и ми се допаѓа. Оваа нова авантура носи голема одговорност, но и среќа. Се спротивставувам на стареењето, благодарение на страста што отсекогаш ја имав за фудбалот – изјави Анчелоти па додава. 

„Бев пречекан со многу љубов. Се надевам дека добро ќе го подготвам тимот и ќе го направам конкурентен за следното Светско првенство. Странскиот јазик? Ќе морам да научам португалски, како што морав да научам француски, англиски, шпански, а фактот дека португалскиот има иста граматика ќе ми помогне.“ – вели искусниот стратег.

 

ПретходноШулески ново засилување за Е. Пелистер 2
СледноКугларите ја совладаа и Франција и дојдоа на чекор до четвртфинале на СП!