Иако немаа многу време за одмор, сепак ракометарите на Вардар 1961 рутински ја завршија својата задача на претпоследниот натпревар од плеј-офот. Новиот освојувач ан Купот на Македонија ја оправда улогата на фаворит против ГРК Тиквеш на гостински терен славеше со убедливи 22-32.
Ова беше загревање на новата битка против Пелистер, овој пат за титулата. Битолчани прво треба да го победат Алкалоид утре на гости, па тоа да останат во игра за одбрана на тронот.
Победникот на мечот беше решен после едно полувреме, гостите на одморот имаа позитива од 9-15, а веќе во продолжение поведоа и со двоцифрена разлика од 14-24 по која не беше тешко рутински да се заврши мечот.
Родригез со девет гола беше прв стрелец, зад него беше Крсманчиќ со пет погодоци. На другата страна Анастасовски имаше шест гола.