Македонската А репрезентација ги продолжува подготовките за квалификациските натпревари за пласман на СП 2026 против Белгија (6. јуни, Скопје) и Казахстан (9. јуни, Астана).
Дебитантот во нашата репрезентација, Стефан Деспотовски смета дека против Белгија мора да бидеме перфектни доколку сакаме да оствариме позитивен резултат.
„Убаво е чувството. Првпат сум овде. Дечките одлично ме прифатија, атмосферата е одлична. Белгија е една силна репрезентација, но доколку ние не им дозволиме да ја играат нивната игра, имаме шанси. Треба да се испочитуваат сите барања од селекторот, мислам дека сме подготвени за Белгија. Со секоја репрезентација има дозна на притисок, но како што реков, ние се подготвуваме и треба се да биде во ред. Мораме да бидеме внимателни во дефанзива и во тој блок, каде треба да бидеме перфектни“, вели дефанзивецот на ОФК Београд.