Лука Модриќ ќе го облече дресот на Милан. 39-годишниот хрватски репрезентативец од средниот ред, кој го напушта Реал Мадрид како слободен играч, е многу блиску до трансфер во редовите на „росонерите“.
Според Џанлука Ди Марцио, Лука се согласил да се пресели во Милан. Клубот е уверен дека ќе може да потпише договор со играчот од средниот ред утре. Во најлош случај, ова би требало да се случи во рок од 48 часа, тврди „Скај Спорт Италија“.
Според Николо Шира, станува збор за едногодишен договор до 30 јуни 2026 година.