Кугларите ја совладаа и Франција и дојдоа на чекор до четвртфинале на СП!

245

Машката кугларска репрезентација на Македонија денеска ја оствари и втората победа во групната фаза на светското екипно првенство кое се одржува во Унгарија.

Нашите куглари денеска остварија висока победа од 7:1 над селекцијата на Франција, откако во второто коло бевме подобри и од Хрватска победувајќи ја со 5:3. Единствениот пораз во групата го имавме од Чешка (2:6), па сега останува да го сочекаме вечерниот дуел меѓу Чешка и Хрватска од последното коло, по што Македонија ќе ја чека својата шанса за место во четвртфиналето.

ПретходноАнчелоти: Веќе ме нарекуваат „Карлињо“ и тоа ми се допаѓа
СледноДеспотовски: Не смееме да им дозволиме да наметнат своја игра