Повремениот македонски репрезентативец, Марио Илиевски на есен ќе има нов клуб. Напаѓачот си заминува од ЦСКА 1948, каде што играше до сега. Таму тој пристигна на голема врата, од тимот на Кишварда во Унгарија, но по само една сезона си заминува од Софија.
Илиевски беше на списокот на селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски неколку пати но откако ја загуби минутажата во клубот, го загуби и статусот во националниот тим.
Од друга страна како капитен на У21 репрезентацијата е еден од играчите со најмногу настапи за оваа генерација, со 32 одиграни мечеви.