Младеновска останува во Франција, потпиша со Безансон

130

Младата ракометна репрезентативка на Македонија, Ива Младеновска, и следната сезона ќе игра во Франција, но овој пат во екипата на Безансон.

Пристигнувајќи во јануари 2025 година од Брест Бретања, Младеновска успеа да го покаже својот квалитет и покрај бројните повреди кои ја спречија да го даде максимумот.

Сепак во новата сезона нашиот десен бек ќе има значителна улога во новиот безансон. Таа вчера потпиша договор со францускиот тим до 2026 година.

„Навистина уживам во мојата прва полусезона тука, па затоа сум многу среќна што потпишав за уште една година. Безансон е амбициозен клуб и ова е одлична можност за мене да продолжам напорно да работам, да стекнувам повеќе искуство и да учам. Возбудена сум и се надевам дека следната сезона ќе имаме уште поголем успех и резултати“, изјави 18-годишната Младеновска по потпишувањето на договорот.

ПретходноЧао Инзаги: Интер ќе има нов тренер, Инзаги го презема Ал-Хилал
СледноПоследни подготовки пред пат за Братислава: Најважно е да сме здрави, размислуваме само за Финска