Младинците на ШК Алкалоид го освоија „Куманово Опен“

31

Изминатиов викенд во Куманово се одржа младински шаховски турнир, кој во најсилната конкуренција (за играчи до 20 години) го освои членот на ШК Алкалоид, петнаесетгодишниот Никола Радоњанин.

Во оваа конкуренција се одиграа 7 кола, а имаше 37 учесници, при што Никола Радоњанин беше трет според стартниот рејтинг, но со 5 победи во низа во првите две кола, како и со две ремија во последните две кола успеа да заврши непоразен и со 6 од 7 можни поени да го освои победничкиот пехар. Притоа, тој освои нови 63 рејтинг-поени, а неговиот клупски колега Стефан Мелник, исто така, остана непоразен, но имаше едно реми повеќе и со 5,5 поени се најде на третото место.

На турнирот за играчи до 10 години славеше Давид Атанасовски, исто така, дел од Младинската школа на нашиот најтрофеен шаховски колектив, освојувајќи 6 од 7 можни поени.

Ова не се единствените успеси бидејќи минатата седмица Кирил Николовски од ШК Мулти Есенс го освои второто место со 5,5 поени од 7 партии на Меѓународниот младински турнир „Квалитет“, кој се играше во Скопје. Првото место на Турнирот, со 6 поени, му припадна на ФМ Антон Златков.

Претходно, со три први и со две втори места, учениците на најдобрите македонски велемајстори издоминираа на екипните државни првенства за млади. За одбележување е фактот дека во категоријата играчи до 18 години на првата табла ШК Алкалоид ја имаше Моника Жежовска, која во моментов е најперспективната јуниорка во македонскиот шах. Благодарение на репрезентативните настапи во 2024 година, таа ја освои титулата женски ФИДЕ-мајстор и играше на првата табла за екипата, во рамноправна конкуренција со момчињата, на ова екипно младинско првенство.Open photo

Open photo

ПретходноКакво фијаско на Главчев: Маркетинг служба им го додели пехарот на МЗТ Скопје!
СледноУ-16: Начевски го објави списокот за контролите со БиХ!