Косовскиот вицешампион Балкани го назначи довчерашниот спортски директор на Шкупи, Ндерим Неџипи за нов директор на клубот. Како што објавија денеска од составот на Балкани, Неџипи се врати на позицијата спортски директор во овој клуб, каде беше и пред да се врати во Македонија.
„Со задоволство го претставуваме враќањето на еден од оние кои силно придонесоа за почетокот и продолжување на нашите историски успеси. Отсекогаш бил и остана еден од нас, но сега се враќа во јатото за да ја врати позицијата на спортски директор во клубот и заедно да испишеме нови успеси“, порачаа од Балкани.