Адриан Рабио најверојатно ќе ја прифати понудата од Милан и ќе се врати во Италија. Тој веќе беше дел од тимот на Јувентус во времето кога на чело на овој тим беше Макс Алегри, а токму тој е моментот поради кој што Рабио доаѓа во Милано.
Токму Алегри инсистира на доаѓање на 30. годишниот офанзивец, за кој што смета дека очигледно ќе му помогне во градењето на својата филозофија во тимот.
Французите велат дека неговата мајка која што му е воедни и агент веќе почнала преговори на релација, Олимпик Марсеј, каде што сега игра Рабио и Милан, и наскоро ќе се најде заеднички јазик.
Рабио пет години беше дел од Јуве, од кој три со Алегри и тие двајца имаат сериозно квалитетен однос.
ФОТО ADRIAN RABIO X