Лука Станковски нема повеќе да се вратин во Газиантеп. Македонскиот репрезентативец кој во моментов е дел од нашиот А тим за двомечот со Белгија и Казахстан, летово ќе биде откупен од тимот каде што беше на позајмица, Раднички Крагуевац, и дефинитивно ќе ја продолжи кариерата таму.
По одличните настапи во дресот на Раднички, управата на клубот секако дека нема намера да го испушти Станковски па ќе биде активирана клаузулата за откуп од Газиантеп.
Станковски во Турција замина во мега трансферот од Работнички уште на 18. годишна возраст, но во Газиантеп реално никогаш не ја доби правата шанса. Беше испраќан на позајмици во Словенија, Турција два, и Србија, а последната одстапница за офанзивецот се покажа како полн погодок.