Реал наоѓа замена за Крос и Модриќ во Германија

820

Германските и шпанските медиуми на големо пишуваат дека тимот на Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за офанзивецот на Штутгарт, 24. годишниот Ангел Стилер.

Германецот има важечки договор до 2028 година и откупна клаузула од 35 милиони евра.

Тој е во одлични години за да ја смени средината и да засили еден од гигантите во Европа, а интересно е што тој своевремено имаше можност да назтапува и за Хрватска. Мајка е од оваа земја, но Стилер во ниту еден момент не ја размислуваше оваа репрезентација како опција. Ги мина сите млади селекции на Германија, а потоа дебитираше и за А репрезентацијата.

Тој е дете на Баерн Минхен, а играше и за Хофенхаим пред да премине во Штутгарт.

FOTO Angelo Stiller X

ПретходноАлкараз го „збриша“ Пол и закажа полуфинале со Мусети
СледноРабио се враќа во Италија и ќе игра за својот стар тренер