Шкендија своите натпревари како домаќин следната сезона ќе ги игра на “Борис Трајковски“ во Маџари!

2961

Шкендија Арачиново по долги години пауза се врати во ВМФЛ. Клубот кој има голем број фанови, сепак своите натпревари следната 2025/26 сезона во второлигашката конкуренција, кога ќе биде домаќин нема да ги игра на својот стадион во Арачиново туку во Маџари на стадионот “Борис Трајковски“.

Ова раководството на второлигашот го сподели преку своите социјални мрежи со надеж дека без разлика што ќе се игра во Маџари, фановите на овој клуб ќе ја дадат сета поддршка на своите фудбалери.

Инаку познато е дека минатата сезона домаќин на овој стадион беше Гостоивар, кој сам си се исфрли во најнизок ранг па сега стадионот “Борис Трајковски“ во Маџари. Овој стадион беше резервна опција за Рбаотнички и Вардар кога Арената беше затворена.

ПретходноБобан Николов си оди од Борац Бања Лука!
СледноЛиверпул се спрема за потег кој што ќе ги шокира своите фанови!