Младинскиот репрезентативец на Македонија, Славчо Шулески е нов член на Еурофарм Пелистер 2. Средниот бек на Тиквеш доаѓа во таборот на новиот суперлигаш и од следниот месец ќе му се стави на располагање на тренерот Александар Зарков.
Се работи за 20-годишен ракометар, роден во Струга, кој во претходните сезони го носеше дресот на Тиквеш. Висок е 180 сантиметри и летово ќе ја репрезентира Македонија на Светското младинско првенство во Полска.
Неговото претставување во Битола е предвидено на почетокот на подготовките на Еурофарм Пелистер 2 на крајот од месец јули.