Јувентус бара нов директор, Џунтоли доби отказ

246
фото: K!NO (X)

Јувентус вечерва ја објави оставката на Кристијан Џунтоли од функцијата спортски директор на клубот. Тимот од Торино објави раскинување на договорот со 53-годишниот италијански менаџер со меѓусебен договор.

„Одлуката е донесена по заедничка проценка на идните перспективи и меѓусебните потреби“, се вели во соопштението на Јувентус .

„Бјанконерите“ го назначија  Џунтоли на функцијата во јули 2023 година. Претходно тој работеше во Наполи, Карпи и Специја, но во Јувентус не успеа да направи шампионски состав.

ПретходноНа Раул Асенсио и натаму му се заканува затворска казна од четири години
СледноВардар 1961 во Кавадарци се загреваше за дуелот со Пелистер