Њујорк вечерва официјално потврди дека го отпушти Том Тибодо од функцијата главен тренер на финалистот на Истокот.
Њујорк загуби од Индијана во финалето на Источната конференција со резултат од 2-4 и тоа веројатно беше главната причина за разделба со стратегот, иако Тибодо ги предводеше Никси до нивното прво финале на Источната конференција по 25 години.
Никс под водство на Тибодо стигнаа до плејофот во четири од своите пет сезони. Под негово водство, Њујорк постигна по 50 победи во две сезони по ред за првпат од 90-тите.