Барселона договори голем трансфер, ама промоцијата е одложена од бизарна причина!

1302

Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, пред се во Каталонија, Барселона успеала да го договори трансферот на голманот на Еспањол, Хоан Гарсија. Отшетата изнесува 25 милиони евра за градскиот ривал, но официјален потпис и промоција немало и тоа од бизарна причина.

Имено Гарсија одлучил да замине на одмор, се разбира со знаење на претседателот на Барса, Хоан Лапорта и спортскиот директор Деко кои и двајцата заминале на мини – одмор.

Па така промоцијата ќе се изврши на почетокот на следната недела кога Гарсија ќе се врати од одмор.

Инаку сега на потег е Марк – Андре Тер Штеген. Него му е кажано дека нема да биде прв голман и дека може слободно да си оди, ако се знае дела Војчех Шчесни ќе остане во Барселона барем уште една сезона.

ПретходноЧоло го продава најдобриот за да донесе уште подобар?!
СледноШокантно е што направија радикалните албански навивачи во пресрет на историскиот дуел со Србија!