Младата ракометна репрезентативка на Македонија, Ива Младеновска, и следната сезона ќе игра во Франција, но овој пат во екипата на Безансон.
Пристигнувајќи во јануари 2025 година од Брест Бретања, Младеновска успеа да го покаже својот квалитет и покрај бројните повреди кои ја спречија да го даде максимумот.
Сепак во новата сезона нашиот десен бек ќе има значителна улога во новиот безансон. Таа вчера потпиша договор со францускиот тим до 2026 година.
„Навистина уживам во мојата прва полусезона тука, па затоа сум многу среќна што потпишав за уште една година. Безансон е амбициозен клуб и ова е одлична можност за мене да продолжам напорно да работам, да стекнувам повеќе искуство и да учам. Возбудена сум и се надевам дека следната сезона ќе имаме уште поголем успех и резултати“, изјави 18-годишната Младеновска по потпишувањето на договорот.