Од утре билети за Македонија – Белгија и на билетарата на Арената

333

Од Фудбалската Федерација на Македонија предмалку информираа дека е донесена одлука од утре, да се започне и физичка продажба за билетите за претстојниот квалификациски дуел на репрезентацијата на Македонија против Белгија. Истиот се игра на 6 јуни в петок со почеток од 20:45 часот на Арената Тодор Проески.

Токму од билетарата на нашиот најголем стадион од утре навивачите ќе можат да купат билет за овој дуел,  а секако останува и опцијата за онлајн купување и натаму.

Билетарата ќе биде отворена од 12:00 до 18:00 часот.

 

ПретходноЧелзи го враќа Санчо во Јунајтед и ќе плати пет милиони евра
СледноМЗТ Скопје Аеродром организира шампионска прослава