Официјално: ГРК Охрид се пофали со Стефан Петриќ! (ФОТО)

295

Сега е и официјално и дефинитивно. Стефан Петриќ, досегашниот ракометар на РК Вардар, од денеска е нов член на ГРК Охрид. Клуб кој во наредната сезона и тоа како ќе има големи амбиции.

24 годишниот лев бек (197cm) по две години поминати во тимот на РК Вардар 1961 потпиша за “Гладијаторите” за сезоната 2025/2026. Петриќ пред да направи трансфер во Македонија, беше лидер на својот Партизан, а има настапи за сите младински категории за репрезентацијата на Србија.

Секако дека ГРК Охрид му посака добредојде на својот најнов член и успешни настапи во дресот на “Гладијаторите“.

ПретходноШокантно е што направија радикалните албански навивачи во пресрет на историскиот дуел со Србија!
СледноКакво фијаско на Главчев: Маркетинг служба им го додели пехарот на МЗТ Скопје!