Раднички ќе го откупи Станковски од Газиантеп

489

Лука Станковски нема повеќе да се вратин во Газиантеп. Македонскиот репрезентативец кој во моментов е дел од нашиот А тим за двомечот со Белгија и Казахстан, летово ќе биде откупен од тимот каде што беше на позајмица, Раднички Крагуевац, и дефинитивно ќе ја продолжи кариерата таму.

По одличните настапи во дресот на Раднички, управата на клубот секако дека нема намера да го испушти Станковски па ќе биде активирана клаузулата за откуп од Газиантеп.

Станковски во Турција замина во мега трансферот од Работнички уште на 18. годишна возраст, но во Газиантеп реално никогаш не ја доби правата шанса. Беше испраќан на позајмици во Словенија, Турција два, и Србија, а последната одстапница за офанзивецот се покажа како полн погодок.

 

ПретходноМарио Илиевски си замина од ЦСКА 1948
СледноНеверојатно: Аматерски клуб од Ирска заработи 3 милиони евра од трансфер на Ливерпул!