Така тоа се прави…. Динамо го ангажираше Алберт Капељас за главен на програмата за равој на младите таленти

451

Веќе и официјално, Звонимир Бобан е новиот прв оперативец на тимот на Динамо Загреб. Новата ера кај „Модрите“ започнува летово, а легендата на клубот и хрватскиот фудбал, веднаш се фати за работа. Повлекува потези кои се исклучително важни за клубот, кој што со децении е движечка сила на фудбалот на балканските простори.

Бобан го ангажираше Алберт Капељас за директор за фудбал и водител на програмата за развој на младите категории. Во превод, некогашниот тренер во младинските категории на Барселона, тренерот на Барселона Б, на Витезе на Брондби, на Макаби Тел Авив, на Борусија Дортмунд, Митјиланд, селекторот на У21 на Данска, и последно селекторот на Филипините ќе биде новиот човек на Динамо кој што ќе биде одговорен за најдрагоценото нешто во овој клуб, а тоа се младите играчи.

Нешто од што овој клуб, има заработено во последните години стотици милиони евра, и не планира да застане.


ФОТО DINAMO ZAGREB FACEBOOK

 

 

ПретходноМЗТ Скопје Аеродром организира шампионска прослава
СледноЧао Инзаги: Интер ќе има нов тренер, Инзаги го презема Ал-Хилал