Чао Инзаги: Интер ќе има нов тренер, Инзаги го презема Ал-Хилал

504
фото: Inter FR (X)

Симоне Инзаги ќе го напушти Интер и ќе го преземе Ал-Хилал. Инсајдерот Фабрицио Романо известува дека „нероаѕурите“ се согласиле да ја прекинат соработката со главниот тренер.

Се очекува Инзаги да потпише тригодишен договор со Ал-Хилал оваа недела.

Инзаги го презеде Интер во летото 2021 година. Под негово водство, клубот од Милано ја освои Серија А, двапати го освои Купот на Италија и двапати стигна до финалето на Лигата на шампионите.

ПретходноТака тоа се прави…. Динамо го ангажираше Алберт Капељас за главен на програмата за равој на младите таленти
СледноМладеновска останува во Франција, потпиша со Безансон