Њујорк го отпушти тренерот Тибодо

123

Њујорк вечерва официјално потврди дека го отпушти Том Тибодо од функцијата главен тренер на финалистот на Истокот.

Њујорк загуби од Индијана во финалето на Источната конференција со резултат од 2-4 и тоа веројатно беше главната причина за разделба со стратегот, иако Тибодо ги предводеше Никси до нивното прво финале на Источната конференција по 25 години.

Никс под водство на Тибодо стигнаа до плејофот во четири од своите пет сезони. Под негово водство, Њујорк постигна по 50 победи во две сезони по ред за првпат од 90-тите.

ПретходноВистинско богатство: Колку ќе заработува Инзаги во Ал-Хилал?
СледноАлкараз го „збриша“ Пол и закажа полуфинале со Мусети