Белингам помладиот по стапките на брат му и ќе игра за Дортмунд

136

Џоб Белингам, братот на суперстарот Џуд Белингам, тргна по стапките на брат му и ќе игра за тимот на Борусија Дортмунд.

Откако избори пласман во Премиер лигата со неговиот досегашен тим Сандерленд, Белингам помладиот реши да ја прифати понудата од тимот на Борусија Дортмунд за потпишување на четиригодишен договор.

Тоа значи дека тој ќе игра за клубот каде што Џуд Белингам ја постигна својата врвна афирмација и од каде што и го направи мега трансферот во Реал Мадрид.

Интерес за него покажаа и Ред Бул Лајпциг како и Ајнтрахт, каде што Џоб дури беше и гостин, но очигледно во Франкфурт не го убедија да им се приклучи.

ФОТО Instagram

ПретходноОфицијално: Динамо го продаде Сучиќ во Интер
СледноБитолските судии му доделија црвен картон на Лазаров (ВИДЕО)