Се чини дека ЛА Лејкерс има големи и долгорочни планови со Лука Дончиќ. Јасно е дека сеуште Леброн Џејмс и натаму е прва ѕвезда на клубот, но Лејкерс имаат намера да го задржат Словенецот и да почнат нова ера кога Леброн ќе се пензионира, па кога и да биде тоа.
Токму затоа раководството на клубот има намера со Лука Дончиќ да потпише тригодишен договор, јасно со опција тој да биде и продолжен, и тоа за 165 милиони долари. Или по 55 милиони евра по сезона.
Ова секако дека звучи примамливо за Лука. Се чека само да мине 2 август, за да може да се официјализира потписот ако се знае дека тогаш ќе минат шест месеци од трејдот на еден од најспектакуларните кошаркари во НБА, од Далас во Лејкерси.