Нови правила од следната 2025/26 сезона во Лигата на Шампионите!

2342

Со триумф на ПСЖ, заврши првата сезона со новиот формат во Лигата на Шампионите. Од УЕФА се задоволни од тоа како мина ова најквалитетно европско фудбалско натпреварување, но според најавите имало и мали недоследности кои УЕФА во набрз можен рок ќе ги поправи, односно ќе има мали промени за следната 205/26 сезона.

Имено ќе им се даде приоритет на оние екипи кои ќе бидат подобро пласирани во лигашката фаза. Во изминатава сезона ПСЖ и Интер иако беа послабо пласирани во лигашката фаза од Арсенал и Барселона, сепак беа домаќини на реваншите, впрочем така сакаше ждрепката.

Од следната сезона нема да биде така. Имено во елимиминациската фаза, во 1/6 финалето, потоа во 1/8, 1/4 и 1/2 финалето домаќини во реваншите ќе бидат оние екипи кои биле подобри пласирани во Лигашката фаза. Ќе има ждрепка само за двојките а не и за тоа кој ќе биде домаќин на вториот натпревар.

Ова правило ќе важи и за ЛЕ и ЛК.

ПретходноКаљари се спаси од испаѓање па го избрка тренерот
СледноВардар во Словенија против Будуќност, Олимпија, Марибор….