Во овој момент се игра дерби дуелот меѓу Алкалоид и Пелистер. Домашниот тим во последните 20. минути од натпреварот останаа без својот тренер, Кирил Лазаров, кој доби црвен картон од страна на битолските судии.
Лазаров протестираше, па Димитар Митревски одлучи да му додели црвен картон, по што предводникот на Алкалоид дополнително се извади „од кожа“. Покрај Митревски мечот со него го суди и Благојче Тодоровски. Резултатот беше 18-21.