Две злата и бронза за младите таеквондисти на турнир во Бугарија

62

Младите македонски таеквондисти имаа одлични резултати на силниот таеквондо турнир „Хереја Опен“ во Бугарија. Во силна конкуренција нашите надежи освоија две златни и еден бронзен медал.

Мартина Наумовска во кадетска конкуренција (-55 кг.) освои злато со победа против Начева од Бугарија од 2:1, а исто така и Христијан Симоновски во јуниорска конкуренција (-63 кг.) се закити со злато по победата во финалето над Начков од Бугарија со 2:0.

Бронзата ја освои Дамјан Василевски кај јуниорите (-45 кг.).

ПретходноАнглиска судиска тројка ќе ни суди против Белгија
СледноВирц: Не сум ја барал 10-ката во Ливерпул, не верувајте во се што ќе прочитате!